Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи на 1 јуни, додека јавните плажи ќе бидат отворени од 10 јуни.

Тој рече дека Албанија ќе ги отвори границите од 1 јуни за сите Албанци кои живеат во соседните земји, а кои имаат државјанство на тие земји – Србија, Северна Македонија и Црна Гора – и дека јавните плажи ќе бидат отворени на 10 јуни.

„Процесот на средување на плажите ќе биде завршен овој викенд“, рече Рама.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here