Со голот на Дејан Манасков во, буквално, последната секунда на натпреварот, Македонија ја доби голеадата против Исланд со 34:33 во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, но и во дебито на Данило Брестовац на клупата на националниот тим. На победоносната реализација ` претходеше промашен пенал, но топката, за среќа, се одби до левото крило на Веспрем и од втора не погреши за прва радост на националниот тим на гостувањата во Рејкјавик.
Манасков го заврши мечот и како најефикасен играч во македонската репрезентација со осум гола, еден повеќе од Гоце Георгиевски, Кире Лазаров постигна шест, а одличен беше и Филип Талески со пет погодоци од кои четири во второто полувреме и тоа во моменти во кои Исланѓаните се обидуваа да се одлепат за конечен триумф.
Реваншот меѓу Македонија и Исланд е во недела (20 ч.) во салата „Борис Трајковски“.
Во вториот меч во групата, Турција славеше на гостувањето кај Грција со 26:22.