Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција побара разрешување на Комисијата за заразни болести, зашто смета дека работи за политички интереси, а не за здравјето на граѓаните.

„Многу сум разочаран од Комисијата за заразни болести и нивните проценки. Точно е дека јас и целата јавност безрезервно дадовме поддршка на почетокот зашто верувавме дека се водат по водат по Хипократовата заклетва ама се покажа дека се водат по заевиот диктат. Повеќето од членовите се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции, Караџовски. Барам да се разреши комисијата и да се формира ново тело од натпартиски професионалци“,

изјави Мицкоски.
Тој смета дека народот не е виновен за новите бројки, а министерот Наќе Чулев работи со натчовечки напори и ги спроведува одлуките од Владата, но виновна е Владата и Зоран Заев поради мерките и проценките кои се прават.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here