Нема обрасци за сообраќајни дозволи на станиците за технички преглед на возилата. Проблем имаат граѓаните кои купиле нови возила и оние кои после неколку регистрации на колите мораат да го сменат образецот поради тоа што нема место за печат. Вработени во станиците за технички преглед велат дека уште пред два месеца почнал проблемот со недостигот на сообраќајни дозволи, кога се случувало на одредени места да нема или да им бидат носени помал број. Никој не им кажувал каде е проблемот, дали можеби имаат проблем со тендерот и фирмата која ги печати обрасците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here