На 25.07.2020 во 22.10 часот на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип извршиле преглед на патничко возило „форд“, со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Н.С.(24) од Македонска Каменица, во кое сопатници биле И.С.(23), М.С.(21), двајцата од Штип и С.М.(22) од Македонска Каменица.
Притоа, кај И.С. била пронајдена марихуана, по што лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.