Во светот од корона вирусот се опоравија повеќе од 4 милиони луѓе, додека бројот на заразени се зголеми на околу 8 милиони. Според податоците од страницата Worldometers, досега се излечени 4.016.000 заразени.

Бројот на заразени е околу 7,9 милиони луѓе, додека од смртоносниот вирус починаа повеќе од 431.000 луѓе. Тоа значи дека моментално во светот има активни околу 3,35 милиони случаи на КОВИД-19, од кои над 54.000 се во тешка или критична состојба.

Најголем број на опоравени има во земјите во кои има и најголем број на заразени – САД, Бразил и Русија. Од 2,1 милиони Американци закрепнаа повеќе од 849.000, од 850.000 заразени Бразилци оздравеа повеќе од 427.000, додека во Русија од 520.000 заразени се излечија речиси 275.000.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here