Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во Светот, и неговата сопруга Јелена, се негативни на најновото тестирање на Ковид-19. Ѓоковиќ и неговата сопруга беа позитивни минатиот вторник, откако тенисерот беше дел од „Адриа Тур“, каде што се одржа тениски турнир, а потоа се воспостави дека е позитивен тенисерот Григор Димитров.

Новак и Јелена по барање на лекарите, направиле тест вчера, и резултатите покажаа дека се негативни.

„Ѓоковиќ и неговата сопруга се негативни на Ковид-19. Тоа го покажаа најновите тестови на ПЦР кои ги направиле во Белград. Претходните 10 дена ги минале во изолација, и ги следеа сите протоколи и безбедносни мерки за Ковид-19“, соопштуваат од тимот на Ѓоковиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here