Ангажманите на Александар Ружин и на Венко Андоновски како надворешни соработници на премиерот им завршуваат на 31 декември годинава, пренесува Независен, по откривањето на веста дека синот на ексамбасадорот во НАТО и писателот кој беше добар и со поранешната влада на Никола Груевски, влегле во тимот на Зоран Заев.

Од „Илинденска“ посочуваат дека нивниот ангажман е лична одлука на премиерот. Месечниот надомест за Ружин е 50.000 денари (ангажиран на 28 јануари), а за Андоновски 40.000 денари (ангажиран на 8 јануари), што значи дека за една година колку што трае нивниот ангажман, од буџетот ќе им бидат исплатени околу 18.000 евра.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here