Овој петок нови протести на граѓаните низ повеќе градови во земјава против поскапување на цената на струјата. Чаирчани ги повикаа жителите од останатите населени места во Скопје да се приклучат на протестот и да маришираат во знак на револт.

Протестот започнува во 18 часот во паркот Чаир од каде граѓаните ќе се упатат до Владата. Најавени протести има и во Гостивар, Тетово и Куманово. Барањата испратени од граѓаните на првиот протест се итно повлекување на одлуката на Регулаторна и намалување на цената на струјата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here