Градот Прилеп оваа сезона е центар на повеќето пинг понгарски случувања, а со учество на околу четириесет натпреварувачи се одржа третото државно првенство за играчи до 21 година.
Во конкуренција на сениори државното првенство не донесе некои неочекувани резултати, во финалето повторно се сретнаа Петар Костовски и Александар Рикалоски.
Костовски ја продолжува убедливата победничка серија, тој во финалето на својот противник, клубскиот соиграч Рикаловски не му дозволи да добие сет, и уверливо со 4:0 славеше во финалето.
Костовски на државното првенство освои три златни медали, победувајќи во сите категории во кои се натпреваруваше.
Петар веќе четири години по ред е апсолутен првак во сите категории, без ниту еден пораз.
Оваа последна победа означува уште поголема мотивација и поттик за Костовски за претстојните предизвици, младиот играч за освоената титула, упати особена благодарност за поддршката од својата фамилија, но и од тренерите Тошевски и Заќич.