На денешниот состанок на Општински штаб за заштита и спасување од Штип, на кој покрај државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев и членот на Комисија за заразни болести, Сузана Маневска присуствуваа и претставници од: Општина Штип, Јавните претпријатија, претставник од ТППЕ Штип, ЦЈЗ Штип, Инфективно одделение при ЈЗУ Клиничка Болница Штип, Здравствен дом Штип, Претседателите на Основно и Вишо јавно обвинителство, АРМ, СВР Штип, Гласен Текстилец, Државен пазарен и трудов инспекторат, се донесле неколку заклучоци, а кои се во врска со преземање на заштитни мерки од корона вирусот, информира Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

– Почитувње на уредбата за носење на заштитни маски, одржување на дистанца и дезинфицирање на рацете од страна на сите граѓани, правни лица и одговорни во правните лица, согласно законските прописи.
– Да се избегнуваат поголеми собири посебно во затворен простор, поради заштита на здравјето на граѓаните со цел зачувување на нашите здравствени капацитети.
– Сите заразени граѓани да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации во анкетните листови со пријавување на сите контакти.
– Препораки до приватниот сектор, да го искористат годишниот одмор, посебно таму кадешто има заразени вработени.
– Задолжително да продолжи да функционира Ковид координатор во сите сектори кадешто има поголема концентрација на луѓе.
– Сите надлежни институции продолжуваат во најтесна комуникација на централно и локално ниво со примена на сите мерки за заштита на граѓаните, се заклучоците што се донесле на денешниот состанок.

Бочварски апелира до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките, затоа што само заеднички можеме да го зачуваме колективното здравје и да излеземе како победници во оваа битка.
– Ова се многу важни моменти, треба сите да бидеме на ниво на задачата која ни ја носи ова време, да помогнеме на институциите и здравствените работници, со тоа го помагаме и го зајакнуваме целиот систем во борба со овој здравствен предизвик, потенцира Бочварски.

Извор:  frontline.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here