Денеска се навршуваат четири година од оружената пресметка во кумановското „Диво насеље“, што траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, додека четириесетина беа тешко повредени.
Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
Покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.
37 лица обвинети за терористичка организација, тероризам и помагање
За „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд започна судски процес против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите пред Судот се изјаснија дека се невини.