Во екот на сезоната од откупот на праските, производителите го фрлат својот производ.

На фејсбук страната Росоман денес, споделија видео на кое се гледа револтирани производители на оваа коскесто овошје го фрлат својот род.

Според групата „Росоман денес“ овоштарите бараат посета од надлежните сега, не само пред избори.

Од Министерстовото за земјоделство водостопанство и шумарство, утрово пак со соопштение ја известија јавноста дека поради зголемен обем на работа и извоз на коскесто овошје Државната фитосанитарна лабораторија ќе работи и во сабота.

https://www.facebook.com/rosomandenes/videos/724248677991220/?v=724248677991220

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here