Патот Штип-Радовиш ќе остане отворен за сообраќај, минирањето е одложено, соопшти АМСМ.
„Според информацијата од изведувачот на работи „СТРАБАГ АГ“ денес на експресниот пат Штип-Радовиш, кај м.в.„Пилав тепе“, нема да се изведува минирање и сообраќајот ќе се одвива непречено во двата правци без прекини и застои“, соопштија од АМСМ.
Претходно беше соопштено дека патот ќе биде затворен од 12:40 часот.