Во Македонија во 2017 година невработеноста го достигна историски најниското ниво од 22,6 отсто, но и тоа е далеку зад европските стандарди
Невработеноста во Македонија, Босна и Херцеговина и Србија забележа најголемо намалување досега. Земјите од Западен Балкан постигнаа значајни резултати на пазарот на трудот помеѓу вториот квартал од 2016 година и вториот квартал од 2017 година. Невработеноста во овој период се намалила за околу 169.000 луѓе, од 18.6 на 16.2 проценти.

Ова го покажува извештајот „Трендови на пазарот на труд во Западен Балкан 2018“ изготвен од страна на Светската банка во соработка со Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

Анализата покажува дека во просек, регионалните пазари на труд забележале раст на стапките на активност (од 1,2 до 62 проценти) и вработеност (од 2,5 до 51,9 проценти), и намалување на стапките на невработеност (од 2,4 до 16,2 проценти) и младинска невработеност (од 5,3 до 37,6 проценти).

Во извештајот се користени податоци од националните анкети за работната сила со цел да се испитаат клучните индикатори за пазарот на трудот во шест земји од Западен Балкан – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија – во периодот помеѓу вториот квартал од 2016 година и вториот квартал од 2017 година. Анализата врши споредба на земјите од Западен Балкан со избрани земји од ЕУ, односно со Австрија, Бугарија, Хрватска и Унгарија.

Во Македонија во 2017 година невработеноста го достигна историски најниското ниво од 22,6 отсто.

Долгорочната невработеност остана една од карактеристиките на пазарите на трудот во Западен Балкан. И покрај намалувањето во повеќето земји, стапката на долгорочна невработеност остана висока во целиот регион.

И покрај трендот на опаѓање на долготрајната невработеност, учеството на оние кои биле без работа 12 месеци или подолго, сепак, изнесуваше околу 80 проценти во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here