Активисти, роднини и пријатели на семејството на поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков се собрале денеска во општина Ново Село, со едночасовно марширање по улиците, реагирајќи против пресудената казна од 18 години затвор за него, во процесот кој заврши во петокот по однос на упадот на 27 април, во Собранието.
Една од активистките – роднина на Чавков, се обрати на протестот, истакнувајќи дека Митко се борел за Македонија и бидејќи и таа се борела за Македонија, нека ја уапсат и неа. Поддржувачите со пароли „Слобода за Митко Чавков“ го изразија своето незадоволство.
Инаку Чавков е по потекло од оваа општина, а неговиот брат, Кирил Чавков е поранешен градоначалник на Ново Село.