Во тек се ублажување на рестриктивните мерки во Србија, кои Владата ги воведе како борба против ковид-19. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека наскоро ќе се укине вонредната состојба во земјата, но мерки на претпазливост од вирусот ќе има.
Во Словенија нема новозаразени со коронавирусот
Брнабиќ во изјава на телевизија Прва, рече дека охрабрувачки е трендот на намалување на новозаболени со коронавирусот и нагласи дека паралелно со релаксирањето на мерките треба да има висок степен на лична одговорност кај граѓаните.
Албанија забрани одржување на матурски вечери
Како што рече таа, и по укинувањето на вонредната состојба и понатаму на сила ќе бидат мерките на претпазливост, како носење на заштитни маски, заштитна опрема, зголемена хигиена и дезинфекција.
Туристичката сезона во Грција најверојатно ќе почне во јули
Забраната за движење ќе биде укината заедно со вонредната состојба. Таа го најави и отворањето на аеродромот, како и меѓународниот, градскиот и меѓуградскиот превоз.
Таа повтори дека во следниот период ќе се продолжи со тестирањата на ковид-19. Во Србија досега се дијагностицирани 9.464 пациенти со ковид-19, од кои 1.551 се излекувани, а 193 лица се починати. Во моментот има 7.720 активни случаи.