Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ испрати вчера протестна нота до Марија Габриел, европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, поради објавата на страницата на ЕУ лрнинг корнер. Дачиќ ѝ пиша на комесарката на ЕУ бидејќи на наведената страница пишуваше дека Никола Тесла е „славен Хрват и еден од првите луѓе кои ги откриле рендгентските снимки“.
„Ја повеќе пати повторив, да живееше Никола Тесла во Југославија (за време на Втората светска војна), ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац“, кажа Дачиќ.
Денес на наведената страница на Европската комисија повеќе ја нема реченицата која на Србија ѝ беше спорна.
Српското министерство за образование објави дека се надева дека вакви „грешки повеќе нема да се повторуваат“.