На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска беше избрана да ја испее македонската химна. И го стори тоа, во своја верзија, од која го исфрли стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, кој во последната официјална верзија на химната од 1991 годона се повторува четири пати.

Изведбата на химната е на 2.30 минути.
За оваа чудна потреба на Тамара да ја сквернави химната, и покрај тоа што не функционираше Фејсбук и веста релативно доцна се прошири, одекнаа силни рекации на социјалните мрежи, но изостанаа реакции од државниот врв кој присуствуваше на настанот, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, кои се гледаат во првите минути од видеото.

За Тамара и за сите кои ја сквернават националната македонска химна, ова е текстот, востановен во 1991 година.

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/344116652896613/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here