Според исказите на очевидци, скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов, го претепал Бранко Петровски вчера, околу 13 часот во најстрогиот центар на Скопје.
Чорогунов е сопственик на хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје, градежната фирма „Караорман“ и неколку други бизниси, објави Цивил Медиа. Во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“ на Чорогунов се наоѓа малата менувачница на Петровски и неговото кафуле „Гарсон“, повеќе години познато како омилено собиралиште на млади уметници, новинари и граѓански активисти.