Најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар и официјално не ја доби потребната лиценца, што значи дека и покрај освоеното второ место освоено оваа сезона нема да може да настапува во квалификациите за Лига Европа.

Оваа одлука денес ја потврди комисијата за комисијата за лиценцирање на ФФМ врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Првата македонска фудбалска лига. За учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 ги донесе следниве одлуки:

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:

Академија Пандев АД – Струмица

Беласица АД – Струмица

Македонија ЃП 1932 АД – Скопје

Работнички АД – Скопје

Ренова АД – Скопје

Силекс АД – Кратово

Шкендија АД – Тетово

Шкупи 1927 АД – Скопје

Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:

Вардар АД – Скопје

Победа АД – Прилеп

По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање, но истата беше одбиена како неоснована.

Ова значи дека местото на Вардар во квалификациите за Лига Европа ќе го преземе петтопласираниот тим на табелата во ПМФЛ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here