Стотици жени се собраа на полноќ на плоштадот Пуерта дел Сол во центарот на Мадрид, по повод Денот на жената протестирајќи за поголема родова еднаквост. Некои носеа облека во виолетова боја која во последните години стана заштитен знак на демонстрантите за женски права.

„Важно е да протестирате на ден како што е Денот на жената бидејќи сè уште има многу разлики и проблеми во општеството со кои се соочуваат жените и тие мора да се надминат. Ние сме во патријархално општество“, кажа една од демонстрантките, 21-годишната студентка за филмска уметност Абрил Вилатролол.

Родовата еднаквост во пресрет на парламентарните избори на 28 април стана прашање кое предизвика поделби во Шпанија. Новата десноориентирана парија Вокс, која според анкетите за првпат ќе освои места во парламентот, повика на укинување на шпанскиот закон за родово насилство.

Конзервативната Народна партија нема да учествува во главните протести на 8 март бидејќи тврди дека се исполитизирани од левицата. Од друга страна, социјалистите на премиерот Педро Санчез ја поставија родовата еднаквост како приоритет на нивната влада и кампања за реизбор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here