Општина Штип и ЈП Исар започнаа со уредување на 600 м² паркова површина на ул Кузман Јосифовски или познат како Аргач со следниве содржини:
• Поставување на павер елементи бекатон 360 м², комплет со рабници;
• Заштитни парапетни ѕидови, обработени со кршени павер елементи (буња) во должина од 250 м;
• Паркови клупи – 9 броја;
• Метални корпи за отпадоци – 6 броја;
• Паркови светилки (канделабри) – 6 броја;
• Комплетно озеленување на просторот со украсни дрвја и декоративни садници;
Вкупна инвестициона вредност 1,8 милиони денари, средства обезбедени од буџет на Општина Штип и Ј.П. „ИСАР“.

Според нацрт планот може да се види дека од најавената паркова површина доминира земјената подлога.

Оваа голема сума на пари буди сомнеж кај граѓаните и штипската јавност, па прашуваме дали ваков проект навистина ќе чини толку средства издвоени од буџетот на Општина Штип или станува збор за нова бизнис зделка која ќе припадне во неколку длабоки џепови?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here