Таа тврди дека нема земено пари од никого а Орце Камчев, кој според неа стои зад случајот „Рекет“, не бил привилегиран. Ги отфрли тврдењата дека од СЈО течеле информации и праша зошто ниту еден предмет од обвинителството кое таа го водеше не е финиширан а особено „Империја“

СКОПЈЕ – „ Испадна дека само Катица Јанева треба да одговара. Ви стојам на располагање. Ако треба обвинителката Катица Јанева, која во четири години ги обвини сите што треба да одговараат, нека одговара. Ние сме првите кои обвинивме високи функционери, Ако така ќе дојде правдата, тогаш и јас сум задоволна. Да знаете вие што се знам јас од тие фајлови за многу луѓе, немаше јас овде да бидам. Ниту еден збор или информација не излезе од СЈО“, кажа екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, во својот исказ на денешното рочите во судскиот процес за случајот „Рекет“.

Таа смета дека случајот е монтиран, нема докази и се темели врз еден исказ а крајната цел еОрце Камчев да биде ослободен од обвиненијата. Во своето обраќање пред судскиот совет таа кажа дека никогаш не зела пари од никого и во ниту еден момент не дозволила Камчев да биде во привилегирана положба.

„Оваа постапка е монтиран случај, не само против мене, јас сум таргетот, туку најважно е СЈО. Хајката што се водеше против СЈО е монтирана само од страна на Орце Камчев. Има само шпекулации и негов исказ..Но, се излажал, сите 170 предмети со 92 милиони евра замрзнат имот му се предадени на јавното обвинителство “, рече Јанева.

Според Јанева, Камчев знаел дека е прислушуван и затоа не откривал ништо во телефонските разговори. Исто така тој имал инфромација и дека СЈО ќе врши претрес во рамките на истрагата за слулајот „Империја“ и затоа му ги дал телефоните на сега веќе осудениот Зоран Милевски- Кичеец за да ги уништи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here