Најитно да се прогласи кризна состојба на територија на град Штип.
“Состојбата е крајно алармантна!
Бројот на заболени со секој нов ден енормно расте со двоцифрен број заболени.
Зошто властите не извршат масовно тестирање на сите кои се поврзани со потенцијалното жариште на корона?
Дали властите на дневна основа соопштуваат помала бројка на заболени со цел да ја релативизираат состојбата?
Зошто не се првземаат дополнителни мерки за заштита на населението, туку се манипулира јавноста дека нешто се работи?
Здравјето на граѓаните е пред се и над се, со него нема и не смее да се манипулира. Затоа веднаш да се превземат јасни и одлучни чекори кои ќе спречат катастрофа од пошироки размери”, вака изјави на својот ФБ профил Иван Јорданов, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.