Нејмар јасно му порача на ПСЖ дека не планира веќе да игра за францускиот клуб бидејќи желбата му е да се врати во Барселона.

Меѓутоа, ситуацијата со бразилскиот репрезентативец ја следат и други клубови.

Goal.com објави дека Јувентус планира да испрати понуда до ПСЖ за 27-годишниот напаѓач.

Италијанците наводно се подготвени да ги понудат Пауло Дибала и Блез Матуиди, плус пари, за услугите на Нејмар.

ПСЖ ја проценува вредноста на Нејмар на 250 милиони евра, 28 милиони повеќе од отколку што ѝ плати на Барселона пред две години во најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Пред неколку дена, шпански Mundo Deportivo и италијански Rai објавија дека таткото на Нејмар стигнал во Торино да преговара со челниците на „Старата дама“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here