Новинарот Љупче Златев на социјалната мрежа Фејсбук сподели дека добива закани за него и неговото блиско семејство денеска на прес кнференцијата на премието Зоран Заев.

Во продлжение погледнете го неговито статус во целост.

-По денешната прес конференција и “логичните” прашања кои му ги поставив на премиерот Заев, владејачката СДСМ одлучи да ја загрози безбедноста на целото мое семејство.
Утре изутрина, случајот ќе биде пријавен во полиција. По што детали ќе изнесам во јавноста, стои во неговата објава.

Неодамна новинарот Љупче Златев преку порталот Лидер објави „бомба“ против Генералниот секретар Драги Рашковски.

Порталот „Економски Лидер“ објави нов аудио снимка од разговорот кој се водел помеѓу генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и претставници од италијанската компанија „Леонардо“, во врска со тендерот за набавка на радарски систем.

Ова не е прв пат на новинар да добива закани за време на својата должност.

Неодамна и на Героски му се закануваа поради своите ставови и пишувања во медиумите, што агенцијата за медиуми остро ги критикуваше заканите кон новинарот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here