Наместо да биде Дом или Музеј на светската хуманост и спомен место на кое луѓето ќе се сеќаваат на кралицата на ромската музика, куќата на Есма Реџепова денеска е постојана мета на грабежи и хулигани.

Јас сум во меѓувреме во Охрид, а кога ќе се вратам во Скопје, ќе видам што понатаму ќе се направи во врска со оваа најнова, не знам која по ред, кражбата во куќата на славната Есма. Ова мора да запре. Повторно сум шокирана, изненадена и без зборови од тоа што го видов. Сега и прозорите се покрадени, уништени…Впрочем, куќата не е ниту моја, таа е според официјален тестамент на Есма, кој сега го оспоруваат, во сопственост на владата, вели за „Вечер“ Зорана Костовска, претседателка на хуманитарното Здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here